Драматичен, квалитетен и докрај неизвесен натпревари одиграа финалистите на женскиот фудбалски куп на Македонија, во кој екипата на Наше Такси ја совлада Победа со 2-1. Обата гола за победничката екипа ги постигна Гентјана Роки од контра напади во 15. и 18. минута.


Во 31. минута Катерина Милеска од пенал намали на 2-1, а прилепчанки не ја користат предноста од играч повеќе со исклучувањето токму на Роки во 66м. Победа создаде неколку изгледни прилики за гол, ја имаше инцијативата но не успеа да го израмни резултатот.

Натпреварот се одигра во Струга и мина во фер и коректна атмосфера.

Ohridnews