Со донација од фирмата „Polart GMBH“ од Германија се подобруваат условите за учење во основното училиште „Кочо Рацин“.

Благодарение на донацијата иницирана од нашинецот Дамјан Карпузовски, кој живее и работи во Германија, обезбедени се пет половни преносни компјутери (лаптопи) „Fujitsu LIFEBOOK S Series“.

-Израазуваме благодарност на донаторот. Овие преносни компјутери, ќе бидат од голема важност за училиштето, бидејќи ќе овозможат подобрена настава за учениците. Ова е пример како се сака роднaтa земја.– велат од ОУ „Кочо Рацин“.

OhridNews