Охриѓаните Јован Буџакоски и Александар Глигуроски претставуваат едни од најголемите промотори на Охрид и Македонија во Чешката Република. 12 годишниот успешен бизнис во градежниот сектор, промоција на квалитетните македонски продукти на чешкиот пазар и културно-духовната афирмација на „Градот под Самоила“, несомнено дека ги прави нашите сограѓани „најголеми охридски амбасадори“  во оваа европска земја.

На почетокот, започнавме да се занимаваме со градежни работи, но со тек на време се осамостоивме и со континуиран напредок успеавме да докажеме дека имаме квалитет и сигурност во работата. Основавме наша сопствена компанија во Прага  – Буџак с.р.о., а главната дејност ни е од областа на градежништвото. Тука спаѓа шаловање и бетонирање на груби објекти, како што се згради, мостови, тунели, училишта и инфраструктура која се однесува на изградба на потпорни ѕидови.“ – вели охриѓанецот Јован Буџакоски.

Потребата од промоција на македонските брендови во оваа европска земја, претставува мотив повеќе да нашите сограѓани постанат екслузивни претставници на производите од македонската винарија „Стоби“ на територијата на Чешката Република.

Чувствувавме дека е потребно да се нагласат македонските продукти на чешкиот пазар. Започнавме со вината на „Стоби“, потенцирајќи го квалитетот на овој домашен производ. На еден начин, сакаме да дадеме стимулт до сите останати македонски компании да ги пласираат своите производи токму таму. Македонскиот пазар можеби е мал, но изобилува со врвен квалитет кој Чешите знаат добро да го проценат.“ – вели Глигуроски.

Преку бројните иницијативи за афирмација на културно-духовната традиција на Охрид, Буџакоски и Глигуроски на еден начин му се оддолжуваат на градот и народот со сите нивни заложби, носејќи го генетскиот код на „сесловенската писменост и култура“ со која се сплотуваат чешкиот и македонскиот народ.

Покрај сите активности, добар дел од времето одвојуваме да ги научеме Чесите за македонската историја, за животот тука, за природните убавини и сите оние работи кои им се непознати. Морам да кажам дека голема поддршка добиваме од целата македонска делегација во Прага, на чело со амбасадорот Паскал Стојчески. Спојот се однесува на Охрид со двата града од злинскиот регион, Велеград и Модра, места кои се директно поврзани со светите браќа „Кирил и Методиј“. Благодарние на Зоран Вељаноски – Летра, Стојчески и градоначалникот Бакрачески, се трудиме од сите аспекти да ги промовираме тие културно-духовни сегменти пред чешкиот народ.“ – вели Буџакоски.

Во склоп на таа културна промоција во Чешката Република спаѓа и иницијативата за снимање на историски филм за животот на сесловенските просветители „Климент и Наум“, во продукција на еден од најпознатите чешки продуценти, Виктор Криштоф.

Идејата беше да го промовираме Охрид во Чешка, односно да продолжиме да го трасираме патот на Кирил и Методиј, онака како што го продолжиле Климент и Наум, од Велеград до Охрид. Продуцентот е заинтересиран да го овековечи тој момент. Криштов престојуваше во нашиот град, а го запознавме не само со културно-историските знаменитости, туку со целата природна убавина која ја нуди Охрид. Беше воодушевен од црквите, езерото, крајбрежјето, а морам да нагласам дека заедно со Зоран и градоначалникот Никола Бакрачески, му беше ставено до знаење дека портите во овој град секогаш му се отворени. Ќе дадеме се од себе, за оваа идеа да успее.“ – додава Буџакоски.

Бенефитите од овој филм, директно би ги почуствувале не само охриаѓни, туку целиот народ кој живее во земјава. Како шо истакнуваат нашите сограѓани, Охрид преку „филмското платно“ ќе биде достапен во целиот свет.

Ќе бидат опфатени сите аспекти, а чешкиот народ ќе има можност да се запознае со убавините на Охрид. Откако се ќе се скрои, планирано е доведување на тур-оператори, стопански комори и туристичките агенции, со цел туризмот да се издигне на едно пософистицирано ниво. И тоа не само како летен туризам, туку еден поинаков кој ќе биде достапен во текот на целата година. Охрид може да биде еден почетен импулс, за оваа соработка помеѓу двете земји да се издигне на едно доста високо ниво од кое бенефит би имале сите.“ – велат нашите сограѓани.

Задоволство од ваквиот вид на соработка изразуваат од локалната самоуправа, од каде што потенцираат дека заложбите на градоначалникот Бакрачески и општина Охрид, се во насока кон гаење и продлабочување на историските врски со Чешка и злинскиот регион.

Посебно градоначалникот Бакрачески и јас, како задолжен за тој дел од областа на културната и меѓународната соработка, изразуваме благодарност за средбата со Јован и Александар, бидејќи со нивната племенита идеа ќе се продолжат врските со една високо-развиена европска држава како што е Чешката Република. Секако, проектот е во една почетна фаза, има доста припрема околу сценариото, а неопходна е поддршка од државата, односно филмскиот фонд. Благодарение на овие наши сограѓани и нивните пријателски врски со најголемата продукциска куќа во Чешка, Три Брадрс и нивниот пријател Виктор Криштоф, кој го поседува најголемото приватно студио опремено за снимање на историски филмови, остваривме контакти.“ – вели претседателот на Комисијата за култура, Зоран Вељаноски – Летра.

Тој додава дека чешките градови Велеград и Модра, претставуваат места исполнети со мистика и духовност, односно гратчиа каде светите браќа „Кирил и Методиј“ ја формирале својата школа.

Тие се мали места во злинскиот крај, кои се исполенети со една мистика и духовност. Самата помисла дека светите браќа Кирил и Методиј таму ја формирале нивната школа и оттаму потекнуваат нашиот патрон Св. Климент Охридски и Св. Наум Чудотворец, ни дава за право да ги гаиме нашите врски со овие градови. Градоначалниците на Велеград и Модра се доста искусни во аплицирање на европските фондови, а оттаму Охрид може многу да научи. Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, изразуваат огромна благодарност да нашите сограѓани, кои покрај презафатеноста, успеваат да одвојат од своето ценето време за промоција на земјава и Охрид во Чешката Република.“ – додава Вељаноски  – Летра.

O.T.