–Молбата на Д-р. Севим Селим, началник на одделението за помош е прифатена и ќе помогнеме колку можеме, вели претседателот на друштвото Васко Ангеловски. Музичарите од „Академци“ Бенд кога им објаснивме за што ги организираме овие забави со нив ни рекоа дека со задоволство прифаќаат да дојдат во Австралија и ќе дадат свој придонес во хуманитарната акција, додава Ангеловски.
Доброволните прилози од иселениците охриѓани и нивните пријатели ќе се собираат на забавите кои почнуваат на 31-ви декември со дочек на Новата година во салата „Емералд“, на прославата на Божикните празници па се така до 3-ти јули 2012 година. Контејнерот со хуманитарната помош во Охрид треба да пристигне во август.
-Ова е добар начин да се помогне родниот крај, старите треба достинствено да ги минуваат преостанатите денови од животот, тие го заслужиле тоа, ред е да им се оддолжиме. Секој кој сака да ја помогне нашата акција може да и се придружи на иницијативата, а помошта што ќе биде испратена ќе зависи од потребите кои ќе ги посочат одговорните на одделението, истакна Ангеловски.
Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн досега на два пати има испратено помош за Геронтолошкото одделение при охридската општа болница во 2004 и 2006 година, а тоа ќе го прави и во иднина, најави Ангеловски.