По објавувањето на оригиналното издание на македонски јазик во почетокот на оваа година, деновиве од печат излезе и англиската верзија на книгата „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“ од охридскиот писател Мишо Јузмески. 
Преводот од македонски на англиски го направи авторот, а во редакција на д-р Мајкл Серафинов книгата ја издаде НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. 
Содржината на книгата е збогатена со фотографии коишто го отсликуваат времето во кое холандскиот писател престојувал во Охрид и Македонија, при што ги создал двете најпознати книги на македонска тема, романите „Свадбата на седумте Цигани“ и „Ориент – Експрес“.
Објавувањето на книгата со свои средства го помогна Никола Павлески од Нико-турс, Охрид.
OhridNews