
Дел од демонстрантите по пристигнувањето пред судот фрлаа камења кон полицијата која во голем број го обезбедува протестот. Неколку камења завршија во прозорци од судот. Демонстрантите изразуваат протест поради судските пресуди против обвинетите за петкратното убиство на брегот од Смилковското Езеро на периферијата од Скопје, што се случи воочи на Велигден пред две години.
Протестната колона тргна од пред Јаја Паша џамијата во Чаир и преку Бит пазар пристигна пред судот во Скопје. Организирани и повикани беа преку социјалните мрежи преку кои протестот беше закажан за денеска по петочната молитва во џамијата.
Во процесот „Монструм“ шестмина од обвинетите добија максимални казни – доживотен затвор, а еден беше ослободен од обвинението поради немање на докази.
OhridNews
извор:„Телма“












