Вчера, во Струга, 70- годишно лице од струшкото село Мислодежда предизвикал инцидент заканувајќи се со пиштол.

Лицето заѕвонило на врата од дом, каде отворило 39- годишно лице на кое 70- годишникот му вперил пиштол „Црвена Застава М-57“ , кој го поседувал со дозвола, го турнал внатре и низ собите почнал да бара жена која живеела во истиот стан. Притоа се заканувал дека ќе ги убие ако не му вратат 500 евра кои му биле украдени од станот. Откако се уверил дека жената не е во станот, се заканил дека кога ќе ја види ќе ја убие и го напуштил лице местото.

Од страна на полициски службеник од струшката Полициска станица насилникот е пронајден, лишен од слобода и по целосно расчистување против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews