Во првите 6 месеци од годинава во областа на организираниот криминал се регистрирани вкупно 137 кривични дела извршени од 171 сторител, соопшти МВР. Според структурата на кривичните дела, најзастапени се делата фалсификување пари – 75 корупција, нелегална миграција, изнудување и.т.н.
Во областа на инкриминациите со елементи на насилство регистрирани се пет кривични дела „изнуда“ сторена во група и на особено насилен начин.
Во овие случаи, пријавените сторители, со сериозни закани по животот и грабнување, а во два случаи и со употреба на пиштол изнудувале парични средства (во висина од 500, 10 илјади и 100 илјади евра) и златен накит од три малолетни лица, сопственик на угостителски објект и други две лица од Охрид- од кои едниот носител на јавна функција, информираше МВР.












