Вчера, околу 20 часот во струшкото село Радолишта, во домот на 63- годишен жител , физички биле нападнати домаќинот и уште две лица од страна на други две лица кои на еден од гостите во куќата со тврд предмет му нанеле тешки телесни повреди. Лицето поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар во Скопје, додека сопственикот на куќата и другото лице кое било во посета се здобиле со телесни повреди.
Од страна на полициски службеници двете лица кои го извршиле физичкиот напад се приведени и задржани во Полициската станица во Струга и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
OhridNews