Заврши вториот форум за млади што го реализира Младинскиот совет на Охрид во рамките на проектот зa подготовка на локални младински акциони планови за Охрид и Струга.

На форумот што се одржа во Струга учествуваа 20-тина претставници од различни институции, невладини организации, како и од струшката локална самоуправа. 

Одредени се 30 цели и 132 активности со кои ќе се направи обид да се решат дел од проблемите на младите.



„Форумот се организираше  како резултат на спроведеното истражување  врз младата популација граѓани на Струга“, велат од МСО.

Најголем проблем според ова истражување, но и според дискусиите на младите е квалитетот на живеењето. Најчесто даваните одговори се  поврзуваат со  социјалниот живот, а се потенцирани насилството и тепачките, дискриминацијата и етничките поделби,  потоа здравството и превенцијата, вработувањето, образованието, културата, информирањето, младинското учество и младинската работа.

Формирано е и координативно тело кое ќе работи  на подготовката на Младинскиот локален акционен план за Струга.

Ohridnews