Високите преставници за надворешна политика во ЕУ, Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан ги осудија нападите над пратениците кои се случија денеска после изборот на Талат Џафери за нов претседател.


– Со најсилни зборови ги осудуваме нападите што се во тек врз членовите на Парламентот во Скопје. Насилството во Парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и воздржување. Министерството за внатрешни работи и полицијата мораат да осигурат безбедност во Парламентот и неговите членови“, реагираат Могерини и комесарот Јоханес Хан, а пренесе Новатв.

Свое обраќање имаше и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој повика на смирување на страстите и дека насилството не е решение во моментов.

OhridNews