Ноќеска во 01.45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 31-годишен охриѓанец.
Тој, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид, физички нападнал 20-годишен сограѓанин и со остар предмет, кој е пронајден и одземен, му упатил закани а потоа му одзел пари. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најави полицијата.
OhridNews












