По неодамнешниот успешен настап како водител и интерпретатор на престижниот музички фестивал „Сан Ремо“, фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, наскоро ќе го има и своето актерско деби, откако доби улога во новиот филм за Астерикс и Обеликс.

Триесетидеветгодишната шведска фудбалска ѕвезда денеска на својот Инстаграм профил објави слика со натпис „Антивирус“ што е име на ликот, кој ќе го глуми во филмот „Астерикс и Обеликс: Патот на свилата“.

Предвидено е филмот на режисерот Гијом Канет својата премиера да ја има во 2022 година, а според светските медиуми, станува збор за една од најголемите француски продукции во последните години.

OhridNews