Претстaвници на хотелската асоцијација, туристичките комори и на локалната самоуправа  вчера во Струга остварија средба со министерот за економија, Фатмир Бесими.

На средбата била разгледана можноста за отварање директна чартер линија Охрид – Лондон еднаш неделно, за чие реализирање била побарана помош од ресорното министертво. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко истакна дека воспоставувањето на оваа линија, за што имало интерес кај британските туроператори, ќе придонесе за поголем развој на туризмот на охридската ривиера.

На средбата станало збор и за поголема промоцоја на туристичкката тура Виа игнација, што неодамна ја промовираа група холандски авантуристи.

Ohridnews