На ваков чекор министерството се одлучило со оглед на фактот што старосната граница на лицата кои управуваат со моторни возила е се пониска, а при тоа во пораст е и бројот на жртвите во сообраќајните нзгоди од кои голем број се несреќи во кои возилото било управувано од страна на лице без возачка дозвола.
– Затоа се одлучивме да предложиме измена, која не е непозната ниту во регионот ниту во европски рамки, со која ќе им овозможиме на постарите малолетници на возраст од 16 до 18 години да полагаат за стекнување на возачка дозвола за да можат да управуваат со моторно возило, што само по себе значи дека ќе мора да ги научат сообраќајните правила за да го положат тестот и ја поминат обуката. Тие ќе мора да научат да управуваат со моторното возило, што ги прави побезбедни во сообраќајот, велат од МВР.