Четири хотели во Охрид се во постапка за добивање еколошка ознака, пишува „Дневник“.
Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, до крајот на годината треба да бидат добиени првите апликации, а се работи за четири хотели од регионот на Охрид, кои би требало да бидат сертифицирани и да ја добијат еколошката ознака.
Инаку, сертификатот го издава Министерството за животна средина и просторно планирање, а за да може одредена компанија да добие, потребно е да исполнува одредени критериуми.
OhridNews
извор: „Дневник“