Во изминатиот период екипите на јавното претпријатие „Нискоградба“ извршија дислоцирање на еден од пешачките премини на булеварот „Туристичка“, во близина на маркетот „КАМ“.
Но речиси два месеци, овој потег остана без соодветна хоризонтална сигнализација. Како што информираат од локалната самоуправа, во тек е тендер со кој во идниот период ќе бидат обележани зебрите.
Инаку, како што претходно најавија од јавното претпријатие, дислоцирањето се изврши поради безбедносни причини.
OhridNews