Со довршувањето на проектот за конзервација на јужниот бедем на сцената Долни Сарај, при што ќе биде извршена и илуминација на скалите и поврзувањето со времената пешачка патека кон Канео, се очекува овој локалитет да стане еден од најпосетуваните во Охрид.
Првата фаза од проектот заврши, при што беше извршена реконструкција на оштените делови од јужниот бедем, а обновени беа и дотраените дрвени појаси.Со активностите кои се очекува наскоро да започнат, предвидена е целосна санација на скалите и фугирање на внатрешниот скалишен простор кој ја поврзува сцената Долни сарај со езерскиот брег.
Овој историски локалитет за време на Отоманската империја претставувал летен сарај на султанот.
OhridNews