Од јавното претпријатие  „ Градски пазар“ информираат дека  во тек е постапката за започнување со работа на пазар на големо,што ќе биде лоциран до новата автобуска станица.

– Во моментов се врши чистење и уредување на површината, а потоа ќе се пристапи кон обележување на продажните места и поставување на потребната инфраструктура. Паралелно се води постапка за комплетирање на документација за непречено реализирање на овој проект, велат од  јавното претпријатие .
 
Предвидено е на пазарот да се сместат од  25 до 30 камиони, од кои ќе се врши продажба на големо, како и неколку тезги за продажба на мало. Пазарот ќе работи секој ден 07до 21 часот .

OhridNews