Во поликлиниката „Кардиолаб Маџаров“ од 12-ти јули со работа ќе започне одделот за третман на „шеќерна болест“ – дијабетес, кој ќе го води специјалистот по интерна медицина Д-р Горан Савин.
Прегледите во овој оддел вклучуваат клиничко лабораториски иследувања со одредување на соодветен терапевтски режим според најновите стандарди за третман на дијабетесот, информираат од „Кардиолаб Маџаров“.
Заинтересираните граѓани дополнителни информации можат да добијат во поликлиниката „Кардиолаб Маџаров“. 
OhridNews