Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски информира дека покрај планираната реконструкција на патот Гостивар-Кичево, интензивно се работи на подготовката за повикот за изградба на автопатско решение на тој потег по пат на јавно приватно партнерство.

Плановите се, како што рече Мисајловски, до октомври да се објави меѓународниот повик. Тој посочи дека многу компании се интересираат за овој проект, а идејата е министерството за транспорт да испрати писма и до амбасадите за да ги информираат нивните компании дека ќе има таков тендер за компаниите да се подготват навреме.

OhridNews