Shilla

Од 26.04.2024 - 17:00 до 26.04.2024 - 19:00

На 26-ти април во 17ч. во „Shilla“ ќе се одржи промоција на збирката поезија на Дамјана Видическа. „Утроба од јаготки/ Strawberry Uterus/ Erdbeermutterleib“ е нејзина четврта книга, составена од песни напишани на македонски, англиски и германски јазик.

Модератор на настанот, а воедно и соговорник ќе биде проф. д-р Татјана Срцева-Павловска.

„Утроба од јаготки“ во издание на издавачката куќа ТРИ, доловува сериозни стихови кои се сладострастни, оргазмични и омоќувачки, а воедно обработува и теми за телесна автономија, феминизам и женска болка.

По разговорот сите присутни ќе имаат можност да уживаат во релаксирана атмосфера и да поразговараат со авторката.

OhridNews