Наскоро ќе биде готова драфт-верзијата од извештајот кој го подготвува Комисијата задолжена за истражување на настаните во Собранието на Република Македонија од 24-ти септември, информира претседателот на Комисијата, Борче Давитковски.
Како што истакна Давитковски, во извештајот ќе биде соддржан воведен дел, хронологија на настаните и препораки од заклучоците.
„Комисијата работи, доста материјали разгледуваме, зедовме видеоснимки, се разгледуваат изјави од инволвирани, почнавме и со препораките, странците многу ни помагаат. Ние сме експертска комисија и водиме сметка да ги утврдиме фактите и да набележиме, на пример, како во иднина тоа да не се повторува. Немаме намера, ниту мандат да кажеме кој е крив, кој не е крив.“ – изјави за медиумите Давитковски.
Инаку, комисијата која се оформи на 14-ти јуни, има задача да ги расветли настаните од 24-ти декември. Во неа членуваат пратенциите Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ и професорите Рената Десковска и Љубомир Фрковски од СДСМ.
OhridNews