Долгот на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ значително е поголем од сметководствената евиденција која била затекната во организацијата при промената на локалната власт. Тоа го утврдила длабинската анализа што ја извршила надворешна сметководствена компанија, рече директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Најдески во емисијата „Напладне“ на Охридњуз.
Над 260 милиони денари е моментално долгот, што тврдам дека при дополнителни испитувања во документацијата ќе е поголем. – вели Најдески.
Наследениот долг на ЈП Охридски Комуналец четири пати поголем од прикажаното
OhridNews











