
Имотот кој е одземен за авто кампот Градиште не е од јавен интерес, и нема причина да не дојде до враќање на овој имот на сопственицит, вели Ѓорѓи Танески од ЗГ „Оревче“. Според него не постои урбанистички план за авто кампот Градиште каде како што рече има над 200 диво изградени објекти. Танески обвинува дека во Градиште и натаму продолжува бесправно да се гради и доградува, и го повикува јавниот правобранител да го заштити имотот на државата.
Законот за денационализација е јасен и имотите треба да им се вратат на наследниците. Доколку државата смета поинаку, не требаше ни да го отпочне овој процес, вели резигнирано Танески. Од регионалната комисија за денационализација велат дека до завршување на крајниот рок (30-ти јуни или 1-ви септември) ќе бидат решени и барањата за враќање на имотите на наследниците во авто кампот градиште за кој во тек е и судски процес.
ohridnews











