Менаџерот на Манчестер Сити Роберто Манчини и фудбалерот на Арсенал Самир Насри се проглаени за најдобри за месец Декември.


Во текот на минатиот месец, италијанскиот стратег Манчини го донесе Манчестер Сити до четири победи од петте одиграни натпревари и се пласираа на второто место на табелата зад Манчестер Јунајтед.  “Ѓраѓаните“  беа подобри на домашен терен од Болтон и Астон Вила, а како гости ги поразија Вест Хем и Њукасл, единствениот пораз во овој период дојде од Евертон.


Самир Насри ја игра најдобрата сезона од неговото доаѓање во Арсенал. Во декември тој постигна два погодоци против Фулам и ги донесе топџиите до победата од 3-1 над Челси.