Офанзивниот играч за врска Самир Насри ги договори личните детали и премина од Арсенал во Манчестер Сити.


одлетаа од Арсенал – Фабрегас и Насри

Насри кој настапи на викенд мечот против Ливерпул (0-2) и добиваше аплаузи на секој негов потег се одлучи да го напушти “Емирејтс“ и да се пресели во синиот дел на Манчестер.

Откако ќе ги мине вообичаените медицински прегледи французинот ќе биде официјално преставен на симпатизерите на Сити.

 Ohridnews