Владимир Четкар, денеска (18-ти август) ќе настапи на „Бит Фест“ во Битола. Концертот на Четкар ќе се одржи во 21 часот пред културниот центар Магаза. 
По Бит Фест, Четкар на 28-ми август на празникот Голема Богородица ќе настапи во кафе терасата „Аквариус“во Охрид, а следниот ден ќе настапи во Скопје во летниот клуб „Сектор 909“.
На сите овие настапи специјален гостин ќе биде музичарот Бено Сатлер од Франкфурт кој важи за еден од најдобрите германски тапанари. Во триото со кое Четкар ќе настапи на македонската мини турнеја е уште и басистот Оливер Јосифовски.
OhridNews