Во рамки на предновогодишните празнувања кои започнаа на 20 декември на градскиот плоштад Св. Климент Охридски, вчера, со културно-уметничка програма настапија учениците од Основното училиште „Христо Узунов“.

Денес во редовниот термин од 12 до 14 часот настапуваат учениците од средното училиште „Св.Климент Охридски“, а предновогодишните празнувања завршуваат во петок на 30 декември со настап на учениците од основното училиште „Григор Прличев“.

OhridNews