Наставата во ОУ „Григор Прличев“ се одвива отежнато, откако училиштето минатата недела остана без електрична енергија, поради неможноста да го подмири долгот кон ЕВН од околу 500.000 денари, затоа што има блокирана жиро сметка.

Поради тоа наставата во училиштето се одвива со скратени часови од 8-10 и од 11.30-13.30 часот.

Поради проблемот со електричната енергија надвор од функција е системот за парно греење, што дополнително го отежнува одвивањето на образовниот процес.

-Целата ситуација секојдневно ќе се следи. Одговорните по смени на крајот од работниот ден ќе кажат дали имало услови и за тие 15 минути час, колку што трае наставата сега, доколку нема, ќе прекинеме со настава затоа што сепак тие се наши деца и не смееме да дозволиме да се разболат.-изјави во четвртокот директорката на ОУ „Григор Прличев“ Силвија Мојсоска.

Локалната самоуправа информираше дека се водат интензивни разговори со доверителите кои побаруваат над 8 милиони денари во имотно правниот спор со училиштето стар 25 години и дека брзо ќе биде решен проблемот поради кој 1100 ученици од минатиот вторник во попладневните часови учат во вонредни услови.