Запознавањето на различни култури и откривањето сличности и разлики помеѓу културите преку меѓусебно дружење, соработка и размена на идеи е основната замисла на проектот „Traces From Past to Preset“, во кој беше вклучено и ООУ Кочо Рацин – Охрид.
Проектот во кој беа вклучени наставници и ученици од Турција, Романија, Украина, Полска и Македонија, има за цел промовирање пред новите генерации ученици на познати и значајни личности од секоја земја партнер во проектот, кои оставиле своја трага во историјата на својот народ во национална и универзална смисла преку научни, културолошки и уметнички студии ги засилува и јакне патриотските чувства кај младата популација истовремено влијаејќи врз јакнење на мултикултурата.


E-Twining проектот се реализира со вон наставни активности на предметите: Математика и Физика, предводени од наставничката Силвана Крстеска со 9 ученици од IX одделение, Природни науки и Биологија предводени од наставничката Татјана Лошкоска со 7 ученици од VI одделение и Граѓанско образование предводени од наставничката Јованка Анѓелкоска со 7 ученици од VIII одделение.
OhridNews



























