ОУ„ Братство Единство“ е едно од 21 училиште во Република Македонија кое доби асистивна информатичка технологија за работа со ученици со посебни образовни потреби со што изврши обука на наставниците за примена на таа технологија во работата со учениците со посебни образовни потреби.
Тркалезната маса собра на едно место претставници на училишта од западниот регион на државата, подители и претставници од Биро за развој на образованието. Се дискутираше за првичните искуства, за придобивките и предизвиците при користењето на асистивната технологија во наставата при работа со ученици со посебни образовни потреби.
Дефектологот на училиштето презентираше дел од позитивните искуства и залагања на наставниците од воведувањето на асистивната технологија во наставата при работата со учениците со посебни образовни потреби.
Употребата на асистивната информатичка технологија во наставата во ОУ „ Братство Единство“ покажа дека може да го подобри образованието за учениците со посебни образовни потреби, затоа наставниците и во иднина ќе продолжат да ја применуваат во работата со оваа категорија на ученици, информираат од учулиштето.











