Со грант од околу 146.000 евра преку програмата на ЕУ Еразмус плус за поддршка и развој на образованието, обуката, младите и спортот, во наредните три години ќе се спроведува проект за обука на наставниците во основно и во средно образование да применуваат нови критериуми во оценувањето на учениците по предметите математика и природни науки.
За грантот аплицирало Бирото за развој на образованието кое проектот за воспоставување нови критериуми за оценување ќе го спроведува заедно со Министерството за образование и наука, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и во партнерство со Меѓународмниот центар за наставни програми при Универзитетот Кембриџ и организацијата „Афлатун“ од Холандија.
Советниците на Бирото, откако самите ќе бидат подготвени од странските партнери во проектот, ќе ги обучуваат наставниците како да ги вреднуваат постигнувањата на учениците по предметите чии учебници се адаптирани на програмите на Центарот од Кембриџ.
OhridNews