– Натпреварите од петтата рунда во Детската фудбалска лига поминаа во неизвесна борба до последниот свиреж на судијата. По пет одиграни рунди Детската фудбалска лига го достигна посакуваниот ефект бидејќи дечињата со нетрпение ги чекаат следните натпревари како и зголемувањето на членството во фудбалски школи – рече Игор Настески.
Гостин во петтата рунда од Детската фудбалска лига беше селекторот на македонската репрезентација до 13 години Коки Аврамоски.
– Почестени сме од неговото присуство што говори за квалитетот на Лигата и сериозноста на овој проект. Тој истакна дека е задоволен од квалитетот на дечињата и еден веќе неколку ги има “пикирано“ за можни репрезентативци – рече Настески.
Во петтата рунда во категоријата од 2001/02 година се сретнаа двете екипи на “Фер Плеј“. На победата се радуваше првата “постава“ која триумфираше со 7-0.
– Таков е спортот знае понекогаш да биде немилосрден. Моравме да пријавиме две екипи во оваа категорија затоа што имаме голем број на дечиња кои се таа годишна возраст – заврши Настески.