Моите сограѓани многу добро ме знаат и веќе во два наврати досега ја добивав нивната доверба и си помагаме и се почитуваме. Но еве сега, Граѓанската опција за Македонија ме донесе пред еден пресврт во мојот живот. За прв пат излегувам надвор од мојот град во поширокиот регион пред сите граѓани од 5-ката. Се решив на овој храбар потег затоа што ние од ГРОМ сме познати по храброста, по искреноста и по чистите намери, рече Љупчо Настоски, носител на листата на пратеници во 5-тата ИЕ од Колицијата ГРОМ.
„Јас, како носител во Изборна единица 5, презедов обврска на граѓаните од овој регион да им бидам максимално достапен и отворен за соработка на секое поле кое предвидува просперитет и успех. Мојата блискост со граѓаните и секојдневната блиска и отворена комуникација со нив ми овозможија да ги спознаам и почувствувам проблемите на граѓаните од овој регион. Нашите заеднички маки се невработеноста, сиромаштијата.“ – рече Настоски.
Тој ги повика граѓаните на 27-ми да излезат на избори и да го заокружат бројот осум за коалицијата ГРОМ, со цел да се отвори нова страна во македонската политика.
„Храброста, решителноста и истрајноста се нашето мото. Ние сме храбри и подготвени да го исполниме она што ќе го ветиме. А вашата храброст да го дадете вашиот глас за нас, нам ни дава уште поголем поттик да се бориме вашите идеи да станат реалност.“ – истакна Настоски.
OhridNews