Од досегашните резултати и активности во ИЕ5, сме многу задоволни и во преостанатите денови од кампањата, очекуваме да бидеме уште подобри. Нашата изборна програма веќе е достапна до повеќето граѓани низ Македонија. Сигурен сум дека голем дел од тие што ја прочитале наишле на барем едно решение за проблемите со кои се соочуваме во македонското секојдневие, изјави носителот на листата во 5-тата изборна единица од редовите на ГРОМ, Љупчо Настоски.

„Изборната програма на ГРОМ се разликува од другите политички опции во Македонија по три клучни залагања, кои се нешто свежо и ново на нашата политичка сцена, и тоа, градење капацитет на граѓанинот да се вклучи во процесот на носење, извршување и оценување на политиките, понуда на мерливи индикатори со кои секој граѓанин може да оцени дали политиките на политичките партии на власт придонесуваат за квалитетот на неговиот живот или не, односно мобилизирање на граѓанинот на високо поставени цели за Македонија кои не зависат само од финансиски средства , туку од неговата способност да креира, продуцира и соработува во заедништво, внатре и надвор од државата.“ – рече Настоски.

Тој ги повика граѓани да се вклучат во процесот на поддршка на вородената моќ на граѓаните да ја менува, а не да се приспособува на сегашната македонска реалност.

„Бидете храбри и изберете го овој пат. Тоа не значи дека немате стравови, туку дека сте одлучни да дејствувате за доброто на сите.“ – рече Настоски.

OhridNews