Актуелниот советник и претседател на огранокот на ГРОМ во Охрид, Љупчо Настоски, и овој Божик го посети домот на петгодишната Симона, која има проблеми со видот. Традиционално тој донираше парична помош на семејството, а малечката Симона доби божикни подароци.
“Симона ја чувствувам како дел од моето семејство и искрено се радувам на подобрувањето на состојбата со нејзиниот вид. Посакувам и искрено се надевам, во најбрзо време Симона да може да ме види и за следниот празник да може да биде таа гостин во мојот дом“ –истакна Настоски.
Тој изрази надеж дека Бог ќе ги ислуша молитвите и желбите за добро здравје на Симона ќе станат реалност.
OhridNews