Фудбалерите на Поградец во дербито на 12-то коло во албанската супер лига испуштија можност со триуф над лидерот на табелата Теута да го “фатат возот“ за горниот дел од табелата откако претрпеа пораз од 2-1. Домаќините стекнаа водсвто преку Хазири во првиот дел, до крајот на мечот гостите со погодок на Чота се вратија во игра а во финишот на натпреварот со прецизен удар од белата точка Османи донесе победа за Теута.
– Претрпевме несреќен пораз на мечот со Теута, се што имавме зацртано со тренерот пред натпреварот го остваривме но среќата ни ги сврте грбот. Во вториот дел свесно се повлековме, чекавме можност од контра да го матираме противникот. Следуваше фантастичниот погодок на Чота, кој малце ни ја растури концепцијата, а потоа на сцена стапи главниот судија Вујтем кој досуди “сомнителен“ пенал – истакна Настоски.
Во наредната 13-та етапа од есенската полусезона, фудбалерите на Поградец гостуваат кај десеттопласираната Камза. Избраниците на Чекичи во шест натпревари надвор од својот стадион “Ѓорги Чукучу“ имаат остварено само една победа над Аполонија со 3-2.
– Тоа што ни избега “од раце“ на домашен терен со лидерот на табелата, Теута да го наплатиме на гостувањето кај Камза. Тешко е да се опоравиш од ваков пораз на домашен терен пред своите верни гледачи но тоа е фудбалот – заврши везистот на Поградец, Климент Настоски.
Поразот од 2-1 во дербито со Теута во албанската супер лига беше прв на домашен терен за Поградец а шести сезонава.
Фото : Поградец и Настоски “пукнаа“ во финишот
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com