Охриѓанецот Климент Настоски, фудбалската кариера ќе ја продолжи во Албанија откако потпиша шестмесечен договор со екипата на Шкумбини, со можност за продолжување на уште шест.


Настоски првата полусезона ја мина во албанската лига во тимот на Поградец. Деби во новиот дрес охриѓанецот ќе има на дуелот со Билиш Бауш.

По одиграни 13-ет натпревари Шкумбини со 18 бодови се наоѓа на седмата позиција на табелата во албанската супер лига.

Мх.П.