По повод 10 години од постоењето на Независна Аматерска Театарска Група „Аматер“ премиерна изведба на театарската претстава „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Горан Стефановски во среда на 26 април.

Режисер на претставата е Јован Цветкоски, а играат Томе Укоски, Леа Новеска-Цекиќ, Димитар Назифоски, Јован Цветкоски, Илија Трале Левески, Глигор Велјаноски и Ема Алекс.

НАТГ „Аматер“ зад себе има изведено неколку претстави, меѓу нив „Сите мои синови“ од Артур Милер, „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, „Охридската робинка Ташула“ по текст на Миле Волканоски, „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, како и „Ти во седум бои“ – мултимедијален проект по адаптирано сценарио на Јован Цветкоски, адаптација на „Белградска Трилогија“ од Билјана Србљановиќ – „Се’ до полноќ“.

Претставата „Чернодрински се враќа дома“ ќе биде изведена на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид од 20 часот, а цената на билетот е 200 денари. Билетите се ограничени и можете да ги резервирате на тел. број: 078/413-946, или на билетарата на НУЦК Григор Прличев пред почетокот на преставата доколку не се продадени.

OhridNews