
Во моментов во Букурешт се одржува средба помеѓу претседателот на САД, Џорџ Буш со претседателот на Македонија Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.
Како што веќе информиравме, грчкиот премиер, Костас Караманлис, пренесувајќи ја позицијата на својата земја во врска со проширувањето на алијансата истакна дека не се согласува со поканата за прием на Македонија во НАТО доколку „прашањето за името“ прво не биде решено.
Франција, Италија, Шпанија, Исланд и Луксембург изразија подршка на Грција. Најсилна подршка Грција доби од францускиот претседател Никола Саркози кој во своето обраќање рекол дека е солидарен со Грците и оти верува дека треба да биде најдено решение. „Имам унгарски корени, но исто така имам и грчки корени и целосно ги почитувам“, рекол Саркози.
Разбирање за грчките позиции искажале Унгарија, Словачка, Белгија, Холандија и Германија. Против ставовите на Грција застанаа Турција, Словенија, Чешка, Естонија и Литванија кои изразија безусловна поддршка за поканата за Македонија. Данска, Бугарија и Норвешка, иако во иста насока, беа поумерени, додека Канада, Велика Британија и Португалија не зазедоа никакви позиции.
Г. Момироски












