
Во вежбата, покрај Единицата за безбедност на вода и тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид, ќе бидат вклучени и тимови од институции надлежни да интервенираат во такви ситуации: Министерство за транспорт и врски-Капетанија Охрид, Гранична-Езерска полиција, Територијална противпожарна единица Охрид, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, СВР Охрид и Службата за итна медицинска помош.
Вежбата ќе ја следа тпретставници на Министерствата за одбрана од соседните земји и претставвници од командата на НАТО во Брисел.
По завршувањето на вежбата, официјално ќе биде отворен Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид во Горица.











