Специјална програма подготвува охридската локална самоуправа за претстојните натпревари од Европското првенство во кошарка за мажи што ќе се игра во Словенија.

Натпреварите на македонската кошаркарска репрезентација ќе се следат организирано на плоштадот „Св. Климент Охридски“, каде, како што дознаваме, ќе бидат поставени штандови на кои ќе се продава риба – плашица и ќе се точи пиво.

Македонската кошаркaрска репрезентација натпреварите на евробаскетот ги отвара утре, 4-ти септември, со дуелот против Црна Гора во 17.450 часот. Противници во натпреварите по групи уште ни се Србија, Литванија, БиХ и Летонија.

OhridNews