Барселона речиси го повтори рекордот по приходи од „Ел класико“. Како што изјави за Каталонското радио потпретседателот за маркетинг на Барселона, Џули Гиу, последната средба со Реал (1:2) на Каталонците им донесе 7,6 милиони евра.

Ова сума е рекорд за „Олимпискиот стадион“ каде се одржа натпреварот.

Беше забележано и дека 7,6 милиони евра се повеќе од 60% од натпреварите на „Камп ноу“. Оваа бројка е и блиску до апсолутниот рекорд на Ел класико – 8,3 милиони евра.

Најголемото дерби на шпанскиот фудбал минатиот викенд се одржа на „Олимпискиот Стадион“ попознат како „Монтжуик“, бидејќи стадионот на Барселона „Камп ноу“ се реновира.

OhridNews