На 13 октомври 1993 година во Крањ, Словенија, фудбалската репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски и врвните фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдоски на теренот, го одиграа првиот официјален натпревар против селекцијата на “змајчеките“.


“Црвено жолтите“ со головите на Зоран Бошковски, Дарко Панчев, сегашниот селектор на А репрезентацијата, Чедомир Јаневски од пенал и Драган Канатлароски триумфираа со 4-1.

Составот на Македонија на првиот официјален натпревар : Мицевски, Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски, Марковски, Панчев, Бабунски и Т. Мицевски.


19 години подоцна Чедомир Јаневски повторно ќе се сретне со Словенија, но овој пат Македонија ќе ја води од клупата како селектор. Сигурно дека емоциите најмногу ќе проработат кај Јаневски и кај останатите актери и навивачи кои имале можност да го проследат тој дуел, кој со златни букви е испишан во македонската фудбалска историја.

Македонија и Словенија спортски ги обединува уште една фудбалска личност, тоа е тренерот Среќко Катенец. Тој од 2006 до 2009 година беше шеф на стручниот штаб на македонската селекција. Токму со него на клупата, Македонија го имаше најдобриот рејтинг на ФИФА листата досега, но не успеа да ја одведе “црвено жолтата“ чета на едно големо натпреварување.


Со Катанец како селектор, “змајчеките“ учествуваа на две големи натпреварувања ЕВРО 2000 во Белгија и Холандија и две години подоцна на мундијалот во Кореја и Јапонија.

Македонија денеска на “Филип Втори“ со почеток во 18 часот против Словенија на пријателскиот натпревар ќе разбуди спомени кои се врежани длабоко во срцата на сите македонци.

Михаил Постоловски