Кукаст крст испишан со црн спреј ги пречекува туристите кај Горна порта на влезот во стариот дел на Охрид. Без оглед кој, кога и зошто го нацртал, местото не му е таму. Туристите кои деновиве се очекува да пристигнат во поголем број во Охрид речиси задолжително ќе поминат низ Горна порта, па оттаму што поскоро се отстрани овој знак оттаму, тоа подобро.












