Кукаст крст испишан со црн спреј ги пречекува туристите кај Горна порта на влезот во стариот дел на Охрид. Без оглед кој, кога и зошто го нацртал, местото не му е таму. Туристите кои деновиве се очекува да пристигнат во поголем број во Охрид речиси задолжително ќе поминат низ Горна порта, па оттаму што поскоро се отстрани овој знак оттаму, тоа подобро.

Неодамна кукасти крстови беа испишани на новата фасада на спортската сала при Гимназијата, во чаршијата и на сакрални објекти. Полицијата ги пронајде сторителиоте кои се малолетници.

OhridNews