Активностите ќе траат три дена, а со нив е опфатено чистењето на просторот околу пристапните патишта до населените места во паркот, како и патниот правец Охрид- Свети Наум.
– Со задоволство можам да кажам дека акцијата и спроведувањето на оваа стретегија е повеќе од успешна, со оглед на тоа дека јавната свест кај населението и посетителите во националниот парк е зголемена. Се надевам дека другата година ќе нема потреба од расчистување на депониите во паркот и средствата кои се користат за изведувањето на овие активности, во иднина ќе се користат за уредување на нови локалитети и конечно ќе може да кажеме дека имаме беспрекорно чист национален парк, вели директорот на НП Галичица, Зоран Ангелоски.
Во текот на изминатите три години, со реализираните активности за чистење, од НП Галичица биле подигнати 700 камиони разновиден отпад.