Со овие зборови спектакуларно беше најавена македонската репрезентација во друмски велосипедизам, на Балканскиот шампионат за кадети и јуниори кој се одржа викендов во градот Миеркуреа Чиуц – Романија. Севкупно се пријавени 10 членки на Балканската федерација, Албанија Босна и Херцеговина, Бугарија, Македониа, Грција, Молдавија, Кипар, Турција и Србија.


      
Македонската репрезентација зеде учество со два тима, во состав на кадети: Кристијан Николовски, Драган Цветковски и Денис Колевски и во состав на јуниори: Јован Јованоски, Андреј Петровски и Никола Ѓукиќ.


Во дисциплината индивидуален хронометар, во која учесниците имаат за цел да ја покажат својата психичка и физичка способност на кратка и рамна подлога на кратка должина од 12 км за кадетите и 18 км за јуниорите. Хронометарот беше организиран по градските улици на кружна патека од 6км. Одлично трката ја извозија јуниорите, Јован Јованоски од охридски Екодром го освои третото место, Андреј Петровски беше шести, а Никола Ѓукиќ се пласираше на 21-во место.

OhridNews