Струшкото средно училиште Ибрахим Темо е дел од проектот „Националните богатства во рацете на младите“ кој се спроведува во повеќе училишта низ Европа. Овој проект во Македонија се спроведува во 10 училишта во општини со мешан етнички состав.

Проектот вклучува и акција за чистење на машката плажа во Струга и изработка на информативни летоци кои ќе  се диструбуираат меѓу  граѓаните. Во рамки на проектот, еден ученик и  професор ќе ја претставуваат Македонија на светската конференција за заштита на животната средина што ќе се одржува во Хрватска во април 2011 година.

OhridNews